Британски совет и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) објавуваат предизвик за иновативно решение со кое технологијата може да помогне на културата.
Целта на овој предизвик е да се охрабрат мултидисциплинарни тимови да предложат едноставни, брзо спроведливи и одржливи решенија, со кои новите дигитални технологии може да им помогнат на културните институции, особено музеите и библиотеките, во нивното управување, продукција, грижа и промоција на колекции, како и привлекување на поголема публика.
Приложените решенија се оценуваа според влијанието кое истите го имаат за конкретна културна институција од аспект на културата во Република Македонија, можноста решението да се примени и во други сродни институции, соодносот помеѓу перформанси и цена, како и степенот на самоодржливост на предложеното решение.
Рокот за пријавување заврши заклучно со 21 мај 2014 година. Учесниците на најдобро рангираните проектни решенија на 4-6 тимови се поканети на 4-дневна обука за креативно претприемаштво во Скопје во последната недела од јуни.
По обуката тимовите ќе бидат поканети да развијат финални решенија од кои ќе се избере едно, кое ќе добие финансиски средства за да биде реализирано за конкретна културна институција (музеј или библиотека) во Република Македонија.