Во периодот од 23.06.2014 до 26.06.2014 ќе се оддржи обука за КулТИП “Иновации и Претприемништво за Културни Институции”, која е организирана од првиот Бизнис Акцелератор-New Man’s Business Accelerator.
Целосниот проект КулТИП е во организација на ФИНКИ и British Council, а поддржувачи се Social Innovation Hub и СПФИНКИ.
Финалистите работејќи на претходните работилници, имаат претставено бизнис идеја за решавање на одреден предизвик кој е поврзан директно со иновациите во културните институции. Истите тие учесници, ќе имаат можност да слушнат предавања кои што се од суштинско значење за развојот и успешно пласирање на нивната идеја.
На оваа обука, предавачи ќе бидат МА Ирена Чаушевска, MBA Васко Карангелески, PhD Ана Круз, PhD Димитрос В. Николаидис и PhD Владимир Трајковиќ, кои што ќе зборуваат на теми, поврзани со аспектите на отпочнување, реализација и презентирање на крајното решение.
Самиот проект, опфаќа и комбинира различни профили на учесници, како студенти, фирми и личности вработени во културни институции, се со цел да создадат подобри иновативни решенија за проблемите со кои што се соочуваат културните институции со развојот на технологијата и новото време.