Покана

Скопје, 14 октомври 2014 година


Почитуван/а,

Со задоволство ве канимe Вас и претставници од Вашата институција на избор на победничко КулТИП решение за примена на нови технологии во работата на културните институции во Македонија. Промоцијата е дел од проектот за поддршка на развојот на креативните индустрии во Македонија со осврт на користење на дигитални и иновативни технологии во работата, управувањето и развојот на публика во културните институции. Настанот е во организација на Британски совет во Македонија во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), и ќе се одржи во периодот од 13.00-15.00 часот во вторник, на 14 октомври 2014 година во простории на ФИНКИ во Скопје.

На настанот претставници на шест културни институции и тимови од Македонија ќе презентираат проекти со кои внесуваат нови технологии во нивната работа преку 3 минутни презентации. Во нив ќе се обидат да дадат одговори на контекстот, потребата и конкретното решение за користење на дигитални и нови технологии во нивните институции. Овој настан нуди можност да слушнете нови идеи кои може да бидат основа за партнерство меѓу културниот, образовниот и деловниот сектор. Настанот е отворен за сите кои работат во културните институции или со дигитални и нови технологии и се заинтересирани за можностите кои ги нуди синергијата меѓу овие два сектори.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство и да обезбедите учеството на соодветни соработници од вашата институција со пријавување кај Zarko.koneski@britishcouncil.gor.mk најдоцна до 12 часот во петок, 10 октомври 2014 година.

Ќе ни претставува особена чест доколку лично присуствувате на овој настан. Во прилог е дадена програма на настанот.

Со почит,


Елеонора Запрова
Директор
Британски совет во Македонија
Димитар Трајанов
Декан
Факултет за информатички науки и
компјутерско инженерство


Поддржано од:
logo logo